На Швајцарците им се нуделе и Ф/А-18 супер хорнет на Боинг, рафал на Десо и јурофајтер кој го произведува европски конзорциум.
Швајцарската влада одлучила да купи и американски ракетен систем „патриот“.
„Сојузниот совет е уверен дека тие два борбени системи се најсоодветни за заштита на швајцарската популација од воздушни закани во иднина“, се наведува.
Авионите Ф-35A се поевтини за две милијарди швајцарски франци од следната понуда, истакна владата.
Чинат 5,07 милијарди франци, а вкупните оперативни трошоци ќе изнесуваат до 15,5 милијарди франци за 30 години.
Одлуката веројатно ќе оди на референдум.






