четврток, 23 април 2026

Шпанија тестира сопствена вакцина против коронавирусот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти шпанската агенција, во истражувањето ќе бидат вклучени десетици доброволци, од 18 до 39 години, кои ќе примат две дози од вакцината, во период од три недели, јавува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави на Твитер дека е направен голем чекор во борбата против пандемијата.

„Станува збор за вакцина на Хипра, која е направена во соработка со владата“, напиша тој.

Шпанија е една од земјите најтешко погодени од коронавирусот.

Според податоците на сајтот Ворлдометерс, Шпанија од почетокот на пандемијата забележала 4,7 милиони позитивни случаи, додека од последици на вирусот вкупно починале 82.320 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ