недела, 3 мај 2026

Северна Кореја повторно истрела балистички проектил од својот источен брег

Објавено на

часот

Сподели

Тоа би било најновото тестирање на оружје на Северна Кореја, која продолжува воено да се развива и покрај меѓународните санкции воведени против земјата поради нејзините програми за нуклеарно и ракетно оружје.

Еден балистички проектил бил лансиран околу 10:17 часот по локално време во близина на Синпо, водечки центар на севернокорејската воена индустрија, каде се наоѓаат подморници и опрема за тестирање на подводни балистички проектили (СЛБМ). Северна Кореја од таа област има истрелано и други видови проектили.

„Нашата војска внимателно ја следи ситуацијата и останува целосно подготвена за тесна соработка со Соединетите Држави за да се подготви за евентуални дополнителни лансирања“, соопштија од стожерот на јужнокорејските воени лидери.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека се детектирани два балистички проектила, и рече дека е „тажно“ што Северна Кореја во изминатите недели спроведува серија пробни лансирања на проектили.

Претставници на стотици меѓународни компании и меѓународни вооружени сили се собраа во Сеул на свеченото отворање на Меѓународната изложба на воздухопловството и одбраната (АДЕКС), најголемиот саем за воена опрема во Јужна Кореја, на кој се претставуваат борбени авиони од следната генерација, јуришни хеликоптери, беспилотни летала и други напредни оружја, како и вселенски ракети и цивилни авиони.

Во Сеул се состануваат и шефовите на разузнавачките служби на Соединетите Држави, Јужна Кореја и Јапонија, исто така, за да разговараат, меѓу другото, за ситуацијата со Северна Кореја, објави агенцијата Јонхап, повикувајќи се на владин извор.

Јужна Кореја се подготвува да ја тестира првата домашно произведена вселенска ракета-носач во четврток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ