недела, 3 мај 2026

Северен тек 2 е наполнет со гас, првата линија оспособена за транспорт

Објавено на

часот

Сподели

Околу 177 милиони кубни метри технички гас се напумпани во гасоводот, потребни за одржување на притисокот кој сега изнесува 103 бари, извести операторот на гасоводот со седиште во Швајцарија.

„Притисокот е доволен за идниот транспорт на гас“, посочуваат тие и додаваат дека започнале подготовки за пуштање во употреба на втора линија.

Гасоводот сега чека дозвола од германските регулатори, а постапката на нејзино издавање може да потрае и неколку месеци, забележува Ројтерс.

Северен тек 2 треба да ги удвои двете руски испораки во Европа на 110 милијарди кубни метри, а финансиран е од рускиот Гаспром и неговите партнери австриски ОМВ, француски ЕНГИЕ, британски Шел и германски Унипер и Винтершал Деа.

Соединетите Држави му се спротивставија, тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од руската енергија. Завршните работи се одолговлечени, а Европа се соочи со недостаток на гас оваа есен поради големата побарувачка од економијата, која се опоравува од корона-кризата.

Цените на гасот нагло пораснаа, а Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и некои членови на Европскиот парламент ја обвинија Русија дека не вложила доволно напори за зголемување на испораките за Европа.

Во меѓувреме, Москва ги отфрли обвинувањата и вели дека Северен тек може да го намали притисокот врз европскиот пазар на гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ