среда, 6 мај 2026

Себастијан Курц се повлекува од политиката: „Не сум ни светец ни злосторник“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Курц денес се појави пред новинарите и го објави своето повлекување од челото на партијата.

„Ако се свртите кон формативниот период во својот живот и, пред сè, чувствувате благодарност, можете да се сметате за многу среќен“, кажа Курц.

Кажа дека се надева дека го одработил својот дел за „убавата Австрија малку да се придвижи во вистинска насока“.

Во секој случај, секогаш давал сè од себе, додаде. Кажа дека има чувство дека го прогонуваат, но дека тоа секогаш го мотивирало него и неговиот тим да биде што подобар.

„Мојот тим и јас работевме речиси деноноќно во последните 10 години“, истакна Курц. „Го занемарив сопственото семејство“.

„Кога ми се роди синот, сè повеќе станував свесен колку убави и важни нешта има надвор од политиката“, кажа Курц.

„Мора да бидете 100 отсто одушевени од политиката, а тоа бев јас во последните 10 години. Во последните неколку месеци, недели и денови, меѓутоа, страста за политиката спласна и нејзиниот пламен се смири“, кажа тој.

На крајот секојдневниот политички живот главно му се сведувал на одбрана од обвинувања, се пожали поранешниот канцелар.

„Не сум ни светец ни злосторник“, порача Курц.

Тој поднесе оставка на позицијата канцелар во октомври, откако обвинителите отворија истрага против него за корупција. Тој остана претседател на партијата и пратеник.

[video:https://youtu.be/jbb58xxn5Ag autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ