недела, 3 мај 2026

Руски шпион работел во кабинетот на францускиот министер за одбрана

Објавено на

часот

Сподели

Запрашан за шпионот во служба на Русија што работел во кабинетот на тогашниот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан, кој сега е шеф на дипломатијата, Бажоле рече дека ова се точни информации и дека им ги предал на тогашните извршни власти.

Бажоле беше интервјуиран во извештај посветен на рускиот претседател Владимир Путин.

„Во минатите години знаевме да кажеме дека сето тоа заврши по студената војна и дека повеќе не треба да губиме време на шпиони што веќе не постојат, туку приоритет е борбата против тероризмот. Сепак, шпионските активности не престанаа“, рече тој, додавајќи дека таквите активности продолжуваат да ги спроведуваат Русија, Кина и САД.

Информацијата за рускиот шпион ја пренесе француската медиумска куќа Медијапар пред неколку години. Според Медијапар, шпион на руската воена разузнавачка служба (ГРУ) бил уфрлен во кабинетот на Ле Дриан, додека тој бил министер за одбрана за време на претседателот Франсоа Оланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ