недела, 3 мај 2026

Русите кои го снимаа првиот филм во вселената се вратија на Земјата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вселенскиот брод Сојуз МС-18, со Јулија Пересилд, Клим Чипенко и Олег Новицки се приземји во казахстанската степа точно во предвиденото време, во 04:36. Руската вселенска агенција директно го пренесуваше слетувањето на Сојуз.

Роскосмос на Твитер објави дека спуштањето било успешно и дека „екипата добро се чувствува“.

[video:https://youtu.be/S1Q9JfdPzdY autoplay:0]

Космонаутот и филмската двојка на местото на слетување ги дочека шефот на руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин.

Руската екипа, која на 5 октомври полета од космодромот Бајконур во Казахстан, го претрка конкурентскиот американски проект со глумецот Том Круз.

Нивниот филм, со привремен наслов „Предизвик“, прикажува хирург која патува на ИСС за да спаси еден космонаут.

Во контекст на руско-американското ривалство, оваа кинематографска авантура потсетува на почетокот на вселенските истражувања, 60 години откако СССР го испрати во орбитата првиот човек, Јуриј Гагарин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ