среда, 6 мај 2026

Русија тврди дека уапсила тројца украински шпиони: „Еден подготвувал напад“

Објавено на

часот

Сподели

ФСБ не наведува во кој дел од земјата се уапсени шпионите и кога тоа точно се случило.

Според соопштението, двајца уапсени „стигнале во Русија за да соберат информации и фотографирале и снимале витални стратегиски постројки и сообраќајна инфраструктура“.

Во возилото кое го користеле најдено е оружје, скратена пушка и митралез, и опрема за лична заштита.

ФСБ тврди дека двајцата уапсени ги регрутирала украинската безбедносна служба СБУ за 10.000 американски долари.

Третиот агент е уапсен на дело со две импровизирани експлозивни направи кои одговараат на 1,5 килограми ТНТ експлозив. Руската граница ја минал нелегално, се наведува.

Русија редовно апси лица за кои тврди дека се украински шпиони или саботери кои работата за Киев, особено на црноморскиот полуостров Крим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ