недела, 3 мај 2026

Русија не ја исклучува можноста од нова криза со гасот

Објавено на

часот

Сподели

„Не ја исклучувам можноста таквата ситуација да се повтори“, кажа Новак и ги повика одговорните во ЕУ на преговори.

Тој порача дека Москва е спремна на дијалог.

Според Новак, во европските магацини недостигаат околу 25 милиони кубни метри гас и тој смета дека „околу тоа прашање нешто треба да се направи“.

Светската енергетска супер сила повторно ја отфрли одговорноста за растот на цените и истакна дека ги исполнува своите обврски од договорите.

Испораките на светските пазари пораснаа за дури 15 отсто во однос на претходната година а и самата Русија оваа година потрошила повеќе гас од инаку. Новак тоа го препишува на студената зима и заздравувањето на стопанството.

Неодамна рускиот претседател Владимир Путин повика на итно пуштање во работа на гасоводот Северен тек 2 со кој природниот гас од Русија преку Балтичкото Море ќе стига во Германија.

Новак смета дека испораките преку тој гасовод би ја намалиле загриженоста на пазарот.

Гасоводот е довршен, а германските власти допрва треба да ги издадат потребните дозволи.

На крајот на септември некои германски медиуми објавија дека Русите сакајќи да го примораат Брисел на прифаќање на Северен тек 2, вештачки го предизвикале незапаметениот раст на цените на гасот на светскиот пазар, кои скокнаа на речиси илјада долари за илјада кубни метри гас.

Со тоа се создава вештачки дефицит на гас, а од друга страна азиските земји ова лето купија големи количества течен гас па во Европа има значително помалку.

Пропусната моќ на Северен тек 2 е 55 милијарди кубни метри гас годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ