петок, 24 април 2026

Русија ја зајакна воената база во Таџикистан. Путин: Западот остави хаос во Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Базата доби неколку противтенковски системи „Корнет“, соопшти руската војска.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу пред околу еден месец најави проширување на најголемата руска база во странство, а руските вооружени сили неодамна учествуваа во заедничка воена вежба со таџикистанската и војските на други средноазиски земји.

По објавувањето на зајакнувањето на базата, претседателот Владимир Путин го обвини Западот дека зад себе оставил хаос со повлекување од Авганистан и ги доведе другите земја во голема опасност.

„Постои опасност терористите и разните групи што нашле засолниште во Авганистан да го искористат хаосот што го оставија зад себе нашите западни партнери“, рече Путин, додавајќи дека можат да предизвикаат ескалација и во соседните земји.

„Тоа е директна закана за нашите сојузници и за нашата земја“, рече рускиот претседател, алудирајќи на земјите во соседството на Авганистан, како што се Таџикистан и Узбекистан.

Шверцот со дрога и илегалната миграција може да се интензивираат, објасни рускиот претседател во говорот на собирот на партијата Единствена Русија, организиран воочи изборите на 19 септември.

„Сето ова се закани за нас и се апсолутно реални“, нагласи рускиот претседател.

Тој, исто така, вети дека нема да дозволи Русија повторно да биде вовлечена во конфликтот.

„Советскиот Сојуз искуси што значи да се задржиш во таа земја подолго време и од тоа искуство извлековме нужни заклучоци“, рече рускиот претседател.

Русија изврши инвазија на Авганистан во 1979 година и во окупацијата што траеше до 1989 година загинаа илјадници советски војници, потсетува агенцијата ДПА.

Шојгу, пак, истакна дека талибанците се здобиле со „големо количество оружје“ на НАТО откако ја преземаа контролата врз Авганистан, и изрази загриженост поради шверцот со дрога, велејќи дека 93 проценти од хероинот што циркулира низ целиот свет денес потекнува од Авганистан.

Русија се надеваше дека САД и нејзините сојузници ќе воспостават контрола над тој проблем, а бројот на плантажи драстично е зголемен, изјави руски претставник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ