Круз и претходно ги критикуваше потезите на Белата куќа кон руско-германскиот гасовод. Според него, американскиот претседател Џо Бајден и неговата администрација капитулирале пред Русија.
„Сите сенатори во оваа палата точно знаат зошто овие кандидати не се избрани и причината за тоа е што администрацијата на Бајден отворено го игнорира американскиот Конгрес“, изјави Круз на седницата. Како што кажа, со завршувањето на изградбата на гасоводот Русија ќе добива милијарди долари кои ќе може да ги користи за „нанесување штета на Европа и на целиот свет“.
Претседателот на комитетот за меѓународни односи Боб Менендес го критикуваше однесувањето на Круз и го повика да ја одблокира работата на Сенатот околу политичките несогласувања.
Претходно група од 12 американски сенатори од Републиканската партија на чело со Пет Туми поставија ултиматум до министерството за финансии на САД и Белата куќа, барајќи да се воведат нови санкции против рускиот гасовод. Тие се заканија дека ќе ги блокираат кандидатурите во министерството за финансии, ако американската влада не го смени ставот за гасоводот и не воведе нови санкции против проектот.






