недела, 3 мај 2026

Путин е загрижен поради јакнењето на ИСИС во Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Во Русија на 20 октомври ќе пристигне делегација на новата влада во Кабул, а ден претходно ќе се обиде да постигне заеднички став за авганистанското прашање со Кина, Пакистан и Соединетите Американски Држави.

Путин кажа дека „многу екстремистички и терористички“ групи се активни на северот на Авганистан, вклучувајќи ги Исламска држава, Ал каеда и Исламистичкото движење на Узбекистан.

„Според нашите информации има 2.000 борци на Исламска држава. Нивните шефови подготвуваат планови за ширење на влијанието во земјите од централна Азија и руските региони, разгорување на етнички и верски судири и ширење верска омраза“, кажа Путин на виртуелниот самит на земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД), организацијата на поранешните советски земји.

Исламска држава – Корасан (ИСИС-К), најрадикалната авганистанска оружена екстремистичка група, ја презема одговорноста за низа напади чија цел е да го дестабилизираат емиратот кој го прогласија талибанците.

Путин неделава кажа дека закоравени џихадисти пристигнуваат од Сирија и Ирак, а потоа руското министерство за надворешни работи ја доведе во прашање способноста на талибанците да ги победат тие оружени групи.

Москва ги смета талибанците за екстремистичка организација, но со години одржува односи со нив.

Поранешен СССР го окупираше Авганистан 10 години, до повлекувањето во 1989 година, по години крвава војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ