вторник, 5 мај 2026

Пукање на границата меѓу Полска и Белорусија, свикан итен состанок (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Прес службата на пограничната служба ја известува јавноста дека се слушаат истрели од полската страна на границата“, изјавил портпаролот за ТАСС.

Во близина на белоруската граница со Полска во моментов има околу 3.000 до 4.000 мигранти, а илјадници други се спремни да ги следат, најави денес портпаролот на полската влада Пјотр Милер.

„Во Белорусија има повеќе од 10.000 луѓе спремни да ја минат полската граница“, кажа денес Милер, а пренесе Ројтерс.

Полска ги засили безбедносните мерки на границата со Белорусија, на источната граница на Европската Унија, по извештаите дека наводно голема група мигранти во Белорусија се собрале на граничниот премин.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак наведе на Твитер дека над 12.000 војници се распоредени на границата, 2.000 повеќе во однос на 10.000 војници кои таму се наоѓаат од неодамна.

Полската влада закажала итен безбедносен состанок, а премиерот Матеуш Моравјецки на Фејсбук напиша:

„Границата на полската држава не е само линија на мапата. Оваа граница е нешто свето за што е пролиена крв на генерации Полјаци“.

Европската Унија соопшти дека се надева дека Полска, членка на ЕУ, конечно ќе ја прифати помошта на Фронтекс, граничната агенција, што Варшава досега го одбиваше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ