петок, 24 април 2026

Престрелка на американските и германските сили со „непознати напаѓачи“ на аеродромот во Кабул

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку еден припадник на авганистанските безбедносни сили што го чуваат аеродромот во Кабул загина откако избувна престрелка со непознати напаѓачи во близина на северната порта на воздушниот центар, откри германската војска.

Еден авганистански припадник на безбедносните сили е убиен, а тројца други се ранети во пукањето, во кое учествуваа и германски и американски војници, објави Бундесверот утрово на Твитер.

Според Бундесверот, во судирот нема повредени германски војници.

Хаосот и нередот ги попречуваат напорите за евакуација на аеродромот во главниот град откако талибанците го зазедоа Кабул на 15 август. Многу луѓе се убиени додека илјадници Авганистанци продолжуваат да се собираат пред меѓународниот аеродром Хамид Карзаи со надеж дека ќе одлетаат од земјата. Пукотниците и стампедата однесоа неколку животи, додека најмалку две лица загинаа откако се обидоа да се качат на американски воен транспортен авион што полета од аеродромот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ