вторник, 5 мај 2026

Повторно отворени училиштата за девојчиња во авганистански Херат

Објавено на

часот

Сподели

Талибанците од преземањето на власта пред речиси три месеци се под притисок на меѓународната заедница да им дозволат на сите девојчиња да одат на училиште.

Талибанските челници не се изјаснија во врска со отворањето на училиштата, но родителите во Херат што имаат женски деца кажаа дека нивните ќерки посетувале настава во последниве два дена. Најмалку 26 училишта за девојчиња над шести клас повторно се отворени во градот Херат, соопштија семејствата.

Мохамед Рафик Седики, жител на Херат, кажа дека неговите две ќерки, кои посетуваат осми и деветти клас, се пресреќни што повторно одат на училиште.  Тој рече дека почувствувал олеснување по повеќенеделните грижи.

„Страдав десет пати повеќе од своите ќерки кога не можеа да одат на училиште“, рече тој.

За време на талибанската власт од 1996 до 2001 година на девојките и на жените им беше забрането да одат на училиште, на работа и да се појавуваат во јавноста. Од преземањето на власта на 15 август талибанците се обидуваат да ги убедат населението и меѓународната заедница дека се променети и дека нивниот режим ќе биде помалку брутален отколку претходниот.

Меѓународната заедница одбива да ја признае талибанската влада сѐ додека не ја исполни листата на барања, меѓу кои и почитување на женските права и школување на девојчињата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ