четврток, 26 март 2026

Полска притвори осум лица за наводен заговор за саботажа

Полските безбедносни служби приведоа осум лица осомничени за подготовка на саботажа во неколку региони на земјата, изјави премиерот Доналд Туск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Официјални лица изјавија дека Полска е цел на тактики како што се подметнување пожар или сајбер напади како дел од „хибридната војна“ што ја води Русија за дестабилизација на државите што ја поддржуваат Украина во својата војна против Русија, која ги негираше таквите обвинувања.

„АБВ (агенцијата за внатрешна безбедност), во соработка со други служби, во последните денови приведе осум лица во различни делови од земјата осомничени за подготовка на саботажа“, напиша Туск на Икс.

„Понатамошните оперативни активности продолжуваат“, додаде тој, без да даде детали.

Министерот за специјални служби Томаш Сјемонијак изјави на Икс дека „прашањето… се однесува на извидување на воени објекти и елементи на клучна инфраструктура, подготовка на средства за извршување саботажа и директно извршување на напади“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ