Властите нашле четири загинати кита, 20 делфини и 176 желки, пишува Њујорк тајмс.
„Очигледно е дека смртта на овие морски животни е поврзана со потонувањето на бродот. Минатата година во истиот овој период најдовме само две мртви желки“, кажа Даршани Лахандапура, шефот на Здружението за заштита на морето во Шри Ланка.
[video:https://youtu.be/-SP_HuSiGuw autoplay:0]Бродот со отровни хемикалии МВ експрес прл се запали на крајот на мај, а потоа на почетокот на јуни. Превезувал 1.486 контејнери. Капетанот на 2о мај го пријави пожарот на бродот, кога се приближувал кон пристаништето Коломбо. Пожарот се обидоа да го изгасат морнарицата и воздухопловството на Шри Ланка, заедно со индиската крајбрежна стража.
Во контејнерите имало хемикалии како натриум хидроксид, водородна киселина и метанол. Бродот превезувал и околу 350 тони нафта и пластика. По пожарот нечепнати плажи на западот на Шри Ланка беа прекриени со остатоци и парчиња пластика. Властите го забранија риболовот на тој дел од брегот.
[video:https://youtu.be/zJN8vGEIz1Q autoplay:0]





