вторник, 5 мај 2026

По два месеци без епидемиолошки мерки, Данска повторно воведе ковид-пропусници

Објавено на

часот

Сподели

„Тимот за следење на епидемијата ни препорача ковидот да го класифицираме како болест што му се заканува на општеството и повторно да ги воведеме пропусниците, и Владата тоа ќе го почитува“, рече премиерката Мете Фредериксен на конференцијата за новинарите.

На крајот на минатата недела здравствените власти предупредија за опасноста од преоптовареност на болниците поради ковидот, грипот и други заразни болести. Вчера во Данска петти ден по ред имаше повеќе од 2.000 новозаразени, а 36 заболени се на интензивна нега.

„Со ковид-пропусницата може да се живее. Таа ви овозможува да бидете мирни кога одите во кино или на концерт. Нивното повторно воведување ќе им го искомплицира секојдневието на тие што не се вакцинирани, а мислам дека така и треба да биде“, кажа премиерката.

Ковид-пропусниците во Данска првпат беа воведени пролетта, а беа укинати на 10 септември, кога дневниот број на заразените беше четири пати помал отколку сега.

Во Данска 85,9 отсто од повозрасните од 12 години примиле две дози од вакцината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ