среда, 6 мај 2026

Њу Делхи повторно ги затвори училиштата поради загадениот воздух. Се повеќе деца во болниците

Објавено на

часот

Сподели

Градските власти минатата недела одлучија повторно да ги отворат училиштата и факултетите откако беа затворени речиси 15 дена поради загадениот воздух.

Врховниот суд во четвртокот ја критикуваше одлуката. Судот ја разгледува жалбата за неспособноста на владата да го намали загадувањето на воздухот.

Останува на сила забраната за градежни работи и влез на дизел камиони со несуштинска стока, изјави градскиот министер за животна средина Гопал Раи.

Раи ги повика граѓаните да користат јавен превоз.

Властите во Делхи за таа цел ангажирале уште 700 автобуси на плин.

Поради лошиот квалитет на воздухот, се повеќе деца се во болниците поради проблеми со дишењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ