вторник, 5 мај 2026

Новинар на Танјуг ја негирал пресудата за геноцид, Комшиќ го прекина интервјуто (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот за време на интервјуто кажал дека нема да се сложи со констатацијата дека имало геноцид и дека неговиот став не е битен. Комшиќ кажал дека е битен ставот и го прашал зошто не се сложува.

„Дека е извршено страшно злосторство?“, кажал новинарот на Танјуг.

„Тоа е геноцид. Така пишува во пресудите на Меѓународниот суд. Геноцид, не е страшно злосторство. Страшни злосторства се некои други“, истакнал претседавачот на Претседателството на БиХ.

„Тоа е ваш став“, одговорил новинарот.

„Тоа не е мој став. Тоа го пишува во пресудите“, продолжил Комшиќ.

„Со кои вие се согласувате?“, прашал новинарот. На што Комшиќ му одговорил: „А вие не?“

„Ја со таа пресуда не се согласувам“, кажал новинарот на Танјуг.

Комшиќ тогаш му кажа дека во тој случај ќе мора интервјуто да го направи со некој друг и заминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ