сабота, 15 ноември 2025

Напаѓачот на словачкиот премиер Фицо осуден на 21 година затвор

Суд во Словачка го осуди напаѓачот на премиерот Роберт Фицо на 21 година затвор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Осудениот Јурај Цинтула на 15 мај минатата година го застрела Фицо, кој ги поздравуваше поддржувачите по владина седница во градот Хандлова. Судот го осуди за терористички напад.

Фицо беше застрелан во стомакот, по што беше опериран неколку пати. Оттогаш се опоравува.

Седумдесет и двегодишниот Цинтула беше уапсен веднаш по нападот и притворен. За време на испрашувањето тој го отфрли обвинението дека е „терорист“.

Тој одби да сведочи пред Специјалниот кривичен суд во Банска Бистрица, но потврди дека она што им го кажал на истражителите за мотивот за нападот е точно.

Цинтула тврдеше дека го застрелал Фицо затоа што не се согласувал со владината политика.

Во своето сведочење, кое го прочита обвинителот на судењето, тој изјави дека не се согласува со укинувањето на специјалното обвинителство за корупција, прекинувањето на воената помош за Украина и пристапот на владата кон културата, како и со други одлуки на словачката влада.

Словачкиот премиер Фицо претходно беше критикуван од Брисел за отстапување од прозападниот пат на Словачка и за приближување кон Русија.

Неговите противници тврдат дека Словачка под водство на Фицо го следи патот на Унгарија под водство на премиерот Виктор Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ