недела, 3 мај 2026

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн, две лица хоспитализирани

Објавено на

часот

Сподели

Обајцата добиле повреди опасни по живот за време на нападот на плоштадот Беркли, во предградието Брунзвик, кој бил извршен нешто по осум часот наутро, и се пренесени во болница во стабилна состојба, пренесува британскиот весник Гардијан.

„Во почетокот слушавме само врескање, но не обрнувавме многу внимание на тоа, но потоа некој рече бегај, има човек со нож!“, рекол еден работник од блиската месарница.

Тој и другите работници се засолниле во задниот дел на продавницата пред полицијата да ги евакуира половина час подоцна.

Очевидци на настанот велат дека трговскиот центар бил евакуиран и дека сите вработени останале затворени во своите продавници.

Еден маж бил уапсен на лице место и со повреди бил пренесен во болница.

Полицијата изјави дека не трага по ниту едно лице и дека нема закана за заедницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ