Таа работела во текстилната фабрика Одитура Луана во Прато, во близина на Фиренца.
Ја здробила тешка машина и умрела на место.
Истрагата покажала дека на контролната табла биле отстранети осигурувачите кои би оневозможиле ваков трагичен развој на настаните.
Несреќната Луана не била обучена за работа со машината, а биле објасните само основните функции. Не минала обука, а не положила ни испит за безбедност на работното место. Во моментот на смртта немала ни заштитен комбинезон за работа, кој е стандарден.
Истражителите наведуваат дека била приправничка и дека некој морал да ја надгледува за време на работата. Исто така, во нејзиниот договор е наведено дека може да работи само под надзор.
Меѓутоа, компанијата не вработила доволен број работници кои би требало да ја надгледуваат.
Под истрага засега се три лица – Луана Копини, сопственичката на компанијата, нејзиниот сопруг Даниеле Фаги и шефот на одржувањето Марио Кузимано.

Случајот на Луана не е единствен. Локалните медиуми јавуваат дека пред само три месеци на сличен начин настрадало момче на возраст на Луана.
Во друга компанија, Текспринт, работниците штрајкуваат со месеци – на еден од нив машина му отсекла дел од прстот.
„Никој од нас не научи како да ги користи машините“, кажа тој.
Сè ескалираше кога непознати сторители пред Текстпринт ги претепале со палки работниците кои штрајкувале.
Компанијата се правда.
„Не најмивме никакви насилници, не сме кажале никому да ги тепа. Тоа се можеби наши работници кои го изгубиле трпението“, соопштил Текстпринт.
Според обвинителството во Прато, Луана Дорацио не би умрела доколку компанијата ги применела законските мерки на заштита.
Ликот на Луана е овековечен на мурал во римскиот кварт Пињето.
„Луана, текстилна работничка, 22 години, ја уби капитализмот. Жртва е на изопачената индустриска логика заснована на профитот. Нема да ја заборавиме“, напишаа активисти на локалниот социјален центар на социјалните мрежи со слика од нејзиниот мурал.






