петок, 24 април 2026

Мерките не се адекватни за делта-сојот, тој менува сѐ од корен, рече новозеландски министер

Објавено на

часот

Сподели

Според него, доаѓањето на високозаразниот делта-сој „донесе некои многу големи прашања“ за одговорот на пандемијата во Нов Зеланд.

Хипкинс за локалните медиуми изјави дека елиминацијата на вирусот останува цел на новозеландските власти.

„Реалноста ни укажува дека вирусот се шири 24 часа откако лицето ќе се разболи и тоа значително менува сѐ од корен. Тоа значи дека сите наши постоечки заштитни мерки почнуваат да бидат многу помалку адекватни и слаби, што отвора големи прашања за долгорочните планови“, нагласи Хипкинс.

Во Нов Зеланд веќе шест месеци немаше ниеден заразен, но властите неодамна воведоа строга блокада откако во Окленд беше откриен еден заразен со делта-сојот на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 21 случај на коронавирус во Нов Зеланд. Сега се заразени вкупно 72 лица, а седум училишта во Окленд пријавиле заразени меѓу учениците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ