„За неколку дена, на 22 јуни, ќе биде одбележана годишнината од нападот на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз. Откако со германскиот напад на Полска во 1939 година почна Втората светска војна, две години подоцна Германија го отвори следното страшно поглавје. За нас Германците тој ден е причина за срам“, кажа Меркел.
Таа истакна дека Германија признава дека сноси одговорност за злосторствата на нацистичкиот режим.
„Тоа вклучува и константно сеќавање на тоа што се случило. Тоа не смее да биде заборавено. Тоа им го должиме на милионите жртви и нивните потомци. Од таа одговорност расте и нашата должност да дејствуваме во име на мирот и меѓународниот поредок, заснован на правилата“, кажа германската канцеларка.
Додаде дека и покрај ужасите на војната, народите на поранешниот Советски Сојуз пружиле рака на помирување на нејзината земја.
„Длабоко сме благодарни поради тоа“, порача Меркел
Успеа да ја критикува „репресијата врз опозиционерите и граѓанското општество“ во Русија и Белорусија.
Таа наведе дека активностите на цивилниот сектор во Русија и Белорусија се одамна „отежнати, па дури и оневозможени“.
„Кога се затвораат мирни демонстранти и членови на опозицијата, тоа создава голем товар врз нашите врски“, кажа Меркел.






