„Русија е голем предизвик за нас, но Русија ѝ е и континентален сосед на ЕУ и ние треба да осигуриме дека сите хибридни напади ќе бидат запрени“, рече Меркел на заедничката прес-конференција.
„Но, од друга страна, ние имаме интерес да останеме во дијалог со Русија, ако сакаме безбедност и стабилност во ЕУ, без оглед колку е тешко тоа“, додаде таа.
Меркел рече дека „верува дека кога и американскиот претседател Џозеф Бајден се сретнува со рускиот претседател Владимир Путин и води отворен дијалог, тогаш е важно и ние да го сториме истото од европска страна“.






