„Луѓето почнаа да умираат“, ја почна тој својата приказна.
„Отпрвин се чинеше дека сѐ е во ред, дека е метеж како и обично. Потоа имаше ненадејно доаѓање на повеќе луѓе. Луѓето слушнаа што велат политичарите и заклучија дека странските влади ќе ги прекинат летовите за евакуација во рок од неколку дена. Тоа дополнително ја засили паниката, која таму и онака кулминира. Одеднаш тие нагрнаа.“
Тој рече дека видел како „четири жени се згмечени до смрт во текот на само еден час“ во она што беше „веројатно најлошото утро досега“ откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан. Ова се случило на „тесниот пат што беше блокиран поради она што се случува“ додека талибанците го имаат опколено аеродромот – додавајќи дека ништо не може да се направи за да се спасат загинатите и покрај напорите на британските војници.
„Нема сомнение дека луѓе загинуваат и на разни други места за кои не знаеме. Немаше пукање, дојде до стампедо, луѓето само се газеа еден со друг. Најранливите починаа. Тоа е многу потресна ситуација“, рече Ким Сенгупта.
Седум цивили од Авганистан загинаа во хаосот на аеродромот во Кабул, објави во неделата британското Министерство за одбрана, додека илјадници луѓе се собрани кај меѓународниот аеродром Хамид Карзаи очајно обидувајќи се да ја напуштат земјата плашејќи се од прогон од талибанците.






