недела, 3 мај 2026

Локални избори на Косово: се бираат 38 градоначалници и 1.002 советници на општините

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на централната изборна комисија на Косово (ЦИК) гласањето се врши во 883 гласачки центри со 2.477 гласачки места.

На изборите учествуваат 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.

За градоначалници на 38 општини се натпреваруваат 166 кандидати, а за советници на општините на Косово се кандидирале 5.198 луѓе.

Гласачките места отворија во 7:00 наутро а затвораат во 19:00 часот.

Изборите ги следат над 25 илјади набљудувачи од политичките партии, иницијативите, коалициите и претставници на независните кандидати, цивилните организации, медиумите, како и претставници на дипломатските претставништва акредитирани на Косово.

Изборите ги следи и специјална набљудувачка екипа на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ