понеделник, 17 ноември 2025

Лавров: Русија е подготвена да помогне во пронаоѓањето решение на Блискиот Исток

Русија е подготвена да помогне во решавањето на ситуацијата на Блискиот Исток со заинтересираните земји, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Внимателно ги следиме денешните преговори, со оглед на комплексната ситуација на меѓународната сцена, вклучувајќи ги и контроверзните настани што се одвиваат во вашиот регион – Блискиот Исток и Северна Африка. Русија е подготвена да го олесни, заедно со другите заинтересирани земји, решавањето на проблемите во овие делови од светот“, рече рускиот министер по разговорите со својот марокански колега Насер Бурита, објави РИА Новости.

Тој му се заблагодари на Мароко за она што го нарече „избалансирана позиција кон Украина“. „Рабат, како и повеќето други главни градови на глобалниот југ и глобалниот исток, разбира дека одржливо решение е невозможно без решавање на корените на украинската криза“, рече Лавров.

Тој додаде дека тој и мароканскиот министер за надворешни работи детално разговарале за актуелните прашања поврзани со билатералната соработка, вклучително и трговијата и економската размена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ