петок, 1 мај 2026

Лава ја зголеми површината на канарскиот остров Ла Палма за 10 хектари (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вулканот Ла Палма во јужниот островски планински венец Камбре Виеја започна да еруптира на 19 септември за прв пат по 50 години.

Во вторникот вечер, лавата стигна до морето, слегувајќи најмалку 100 метри по стрмниот брег и испуштајќи отровни гасови.

Откако допре до Атлантскиот Океан, лавата, која има температура од околу 1.000 степени Целзиусови, почна да се скаменува и веќе формираше мал полуостров широк околу 500 метри, покажува видеото објавено на Твитер од шпанскиот истражувачки институт ЦСИЦ во четвртокот.

Температурата на океанот е 20 степени.

Првичната загриженост за можна закана по здравјето на жителите во близина поради токсичните гасови што може да се ослободат во контакт на лавата со солената вода, не е потврдена.

Облаците пареа многу брзо би биле турнати во морето од силниот ветер од североисток, изјави Еухенио Фраиле од Шпанскиот океанографски институт.

Меѓутоа, полицискиот час, воведен во четири околни области со вкупно околу 300 жители, засега останува во сила како мерка на претпазливост, објави државната телевизија РТВЕ.

Вулканолозите посочија дека излевањето на лавата во морето донекаде ја ублажи ситуацијата на островот, намалувајќи го ризикот од ширење на лавата на копно, според РТВЕ.

Досега, околу 800 објекти на островот се уништени или оштетени од ерупцијата, а повеќето од нив се станбени куќи, објави Ла Вангуардија.

Во меѓувреме, воздушниот сообраќај кон и од Ла Палма е обновен, а неколку авиокомпании, како Бинтер и Канарифлај, најавија летови за четврток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ