„Делегацијата, која е во четиридневна посета на Македонија, ја предводи неговото високопреосвештенство, архиепископот на Јаши и митрополит на Молдавија и Буковина, г. Теофан, придружуван од својот викарен епископ, неговото преосвештенство г. Никифор. Меѓу високите гости се и игуменот на прославениот манастир Неамц, архимандрит Бенедикт Саучиук, игуменот на манастирот Петру Вода, архимандрит Харитон Негреа, игуменот на манастирот Сихастрија, архимандрит Арсение Попа, како и низа други игумени и игумении на манастири од нивната епархија“, информираа од Бигорскиот манастир.

Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј, заедно со братството на високите гости им приредија свечен црковен пречек – иподохи. По пеењето на тропарите и молитвите, старецот, како домаќин, се обрати кон архиепископот и кон сите присутни со топло и срдечно слово за добредојде, на што г. Теофан срдечно се заблагодари за топлиот пречек и прием.

„Потоа следуваше општ синаксис во свечениот манастирски синодикон и радосно заедничарење во Христа, во кое љубовта меѓу двете братски цркви беше уште еднаш живо посведочена“, додаваат од манасторот.
Романска црковна делегација го посети и манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, а за време на на престојот во Македонија, посетила и ќе посети и другите значајни македонски црковни центри.






