петок, 1 мај 2026

Курти: Проблемот не се Србите, туку Вучиќ кој мисли и зборува како во 90-тите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На Косово екипа на ХРТ разговарала со косовскиот премиер Аљбин Курти. Го прашаа дали сообраќајните таблички доведоа до оваа ситуација или состојбата е покомплицирана.

„Ние сè уште имаме проблем со Србија, Косово не е проблемот. Проблемот е Србија, особено претседателот на таа држава кој размислува и зборува како во 90-тите години од минатиот век. Граничните премини Јариње и Брњак се во криза не поради Србите, туку поради претседателот на Србија“, кажа Курти.

Кажа дека повеќе од 11 илјади возила кои дошле од Србија без проблем земале привремени таблички на Косово.

„Значи тие соработувале со нашата полиција и нашите институции“, кажа тој.

Истакна дека во Србија нема плурализам.

„Имате една партија. Таа партија е и држава. Таа држава е и црква. Таа црква е и партија. Нема таму плурализам, тие глумат демократија со изборите“, кажа Курти.

Косовскиот премиер не мисли дека американските војници ќе бидат повлечени.

„Мислам дека тие нема да се повлечат. Косово треба да биде вклучено во Партнерството за мир. Замислете, од 2006 година Србија добива оружје од Русија, Белорусија и Кина, а не Косово“, кажа Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ