петок, 24 април 2026

Курц против примање на повеќе Авганистанци во Австрија

Објавено на

часот

Сподели

Во времето на миграциската криза во 2015 и 2016 година, Австрија прифати 90.000 баратели на азил, што е повеќе од еден процент од нејзиното население. Курц ја изгради својата кариера на тврд став за имиграцијата, победувајќи на сите парламентарни избори од 2017 година.

Додека Европската унија се бори што да прави со Авганистанците кои им помагаа во изминатите 20 години, Курц рече дека доаѓањето во Австрија не е опција.

„Јасно сум против тоа доброволно да прифатиме уште луѓе и тоа нема да се случи додека сум канцелар“, рече тој во интервју за телевизијата Пулс 24.

Австрија има повеќе од 40.000 авганистански бегалци, најмногу во Европа по Германија, која прими 148.000, според податоците на УНХЦР за 2020 година.

Австрија има девет пати помалку население од Германија, неутрална земја е и не е членка на НАТО, и испрати многу мал број војници во Авганистан.

„Мислам дека не треба да прифатиме уште луѓе. Сосема спротивно“, рече Курц за Авганистанците кои бегаат од својата земја.

„Австрија даде несразмерно голем придонес“, додаде тој, мислејќи на големиот број авганистански бегалци и баратели на азил кои веќе се во земјата.

Тој рече дека луѓето што го напуштиле Авганистан треба да останат во регионот и потсети дека соседните Туркменистан и Узбекистан прифатиле само 14, односно 13 бегалци, што се совпаѓа со податоците на УНХЦР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ