сабота, 18 април 2026

Ковид-потврдите стапија на сила во ЕУ, Германија му контрира на Брисел

Објавено на

часот

Сподели

Документот на ЕУ, односно кју-ар кодот достапен во дигитален облик на паметните телефони или во хартиена форма, покажува дали патникот е вакциниран со некоја од вакцините одобрени во ЕУ (Бајонтек/Фајзер, Астразенека, Модерна или Џонсон&Џонсон), дали преболел ковид-19 или има негативен тест на коронавирусот.

Сертификатот служи да се избегне потребата од карантин и понатамошни тестирања меѓу 27 земји членки на ЕУ и четирите придружени европски земји – Ирска, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Европскиот комесар за правосудство Дидие Рејндерс кажа дека очекува сите членки на ЕУ да бидат поврзани до денес. Само Ирска, чиј здравствен систем претрпе кибернетички напад во мај, доцни со воведувањето.

До вчера 21 членка на ЕУ веќе го прифатија сертификатот, вклучувајќи ги водечките туристички дестинации – Франција, Шпанија, Италија, Грција и Хрватска.

„Им препорачуваме на сите земји членки да ја користат алатката не само за слободно движење, туку и за секоја можна национална употреба и за други цели: за заминувања на концерти, фестивали, театри, ресторани“, кажа Рејндерс.

Но наглиот пораст на делта варијантата, која првпат беше откриена во Индија, а сега се шири во поранешната ЕУ членка Британија, би можел да ја придвижи одредбата „рачна сопирачка“ со која се суспендира прифаќањето на сертификатот.

Германија веќе најави забрана за влез на патниците од Португалија, каде делта сојот стана доминантен. Изземени се само германските државјани и жителите кои при враќањето во Германија мора да бидат две недели во карантин.

Одлуката на Берлин го разгневи Брисел, а Рејндерс кажа дека „треба да се избегнуваат забрани за патувања“ во ЕУ и истакна дека Германија требала прво да се консултира со партнерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ