среда, 6 мај 2026

Комшиќ: Идејата на Додик за распуштање на војската е сериозна закана за мирот и безбедноста

Објавено на

часот

Сподели

За време на свеченоста за одбележување на 16-годишнината од воспоставувањето на оружените сили на ниво на државата, одржана во Сараево, Комшиќ кажа дека реформата на одбраната сите изминати години покажала резултати над очекуваните и дека босанскохерцеговската војска претставува важен елемент на спроведувањето на плановите БиХ да стане полноправна членка на НАТО.

Оружените сили на БиХ се воспоставени во 2005 година по распуштањето на војските на двата ентитети, наследени од војната.

Оружените сили на БиХ се замислени како структура која има до десет илјади професионални припадници и чиј рбет го сочинуваат три пешадиски баталјони како наследници на некогашните ХВО, Армија на БиХ и војска на РС.

Српскиот член на БиХ Додик сега ја доведува во прашање законитоста на таа реформа, и најави дека во народното собрание на Република Српска до 10 декември ќе предложи дејствувањето на оружените сили на БиХ во тој ентитет да се прогласи за незаконско.

Најави и дека во период од шест месеци потоа ќе биде оставен простор за евентуален договор за намалување на оружените сили на БиХ за 50 отсто, демилитаризација на државата или пак за повторно формирање на распуштената војска на РС.

Комшиќ на сараевската свеченост, одржана во присуство на претставници на НАТО, Еуфор и министерството за одбрана на Британија, кажа дека тоа се неодговорни изјави кои претставуваат опасност за секој граѓанин на БиХ.

„Јавно да се доведува во прашање постоењето на оружените сили на БиХ, особено од позиција на член на Претседателството на БиХ, е многу сериозна закана за мирот и безбедноста на државата“, кажа Комшиќ додавајќи дека најдобар одговор на тоа е војниците да продолжат посветено да ги вршат своите задачи и да ги чуваат постоечките структури.

Додаде дека е уверен дека и покрај сегашната криза оружените сили на БиХ ќе продолжат уште долго да постојат и дека ќе бидат над политиката на секој поединец и пример дека БиХ како држава е возможна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ