недела, 3 мај 2026

Колумбиската влада ги стерилизира нилските коњи на Пабло Ескобар

Објавено на

часот

Сподели

Ескобар нелегално увезувал егзотични животни за својата приватна зоолошка градина вклучувајќи ги таканаречените кокаински нилски коњи, за кои се смета дека се најголемото стадо нилски коњи надвор од Африка, пишува Би-би-си.

„Беше физички тешко да се преместат па властите ги оставија таму, веројатно мислејќи дека ќе угинат, но без предатори во Јужна Америка нилските коњи се размножиле“, кажа колумбискиот биолог Натали Кастелбланко.

Според експертите, нилските коњи почнале да се шират по еден од главните пловни патишта во земјата, реката Магдалена, а колумбиските еколози велат дека нилските коњи на Ескобар се инвазивен вид и дека ја потиснуваат домашната фауна.

Владата до сега стерилизирала 24 од над 80 нилски коњи од имотот на Ескобар, а повеќето животни од имотот се преместуваат во зоолошки градини низ Колумбија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ