недела, 3 мај 2026

Кинески и руски воени бродови во јапонски теснец, Токио вели дека не се прекршени правилата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ова е првпат Јапонија да потврдува информација за пловењето на бродовите на кинеската и руската морнарица низ теснецот Цугару кој го раздвојува Јапонското Море од Тихиот Океан.

Иако теснецот спаѓа во меѓународните води, врските меѓу Јапонија и Кина одамна ги нагризува спорот во чиј центар е групата острови во Источното Кинеско Море. Територијален спор со острови имаат и Токио и Москва.

„Владата внимателно ги следи активностите на бродовите на кинеската и руската морнарица во областа во близина на Јапонија како оваа“, изјави земникот на генералниот секретар на кабинетот Јошихико Исозаки на редовна конференција за новинарите денес.

„И понатаму ќе бидеме максимално ангажирани кога станува збор за надзорните активности во водите и воздушниот простор околу Јапонија“, кажа тој.

Портпаролот на јапонското министерство за одбрана изјави дека не станува збор за влегување на бродови во јапонските територијални води и дека со минувањето низ теснецот бродовите не ги прекршиле меѓународните правила.

Русија и Кина од 14 до 17 октомври одржаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море во рамки на поморската соработка на двете земји. Во вежбите учествуваа воени бродови и бродови за поддршка од Руската пацифичка флота.

Москва и Пекинг во последните неколку години негуваат потесни меѓусебни воени и дипломатски врски во време кога односите на двете земји со Западот се влошени.

[video:https://youtu.be/T1XX579uX7U autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ