сабота, 18 април 2026

Кина во пустина гради повеќе од 100 силоси за интерконтинентални балистички проектили

Објавено на

часот

Сподели

Изградбата почнала во пустина во близина на градот Јуман, на северозападот на Кина. Вашингтон пост пишува дека би можело да станува збор за значително ширење на нуклеарните капацитети на Кина.

Сателитските снимки до кои дошле истражувачите на Центарот Џејмс Мартин, кој се бави со истражување на ширењето на нуклеарното оружје, покажуваат изградба на површина од повеќе стотици квадратни километри во кинеската провинција Ганс. 119 идентични конструкции по изглед се идентични на постоечките кинески силоси во кои се наоѓаат балистички проектили со нуклеарни боеви глави, пишува американскиот весник.

Изградбата на повеќе од 100 нови силоси, ако биде довршена, ќе претставува историски чекор за Кина, земја за која се верува дека поседува релативно скромен арсенал на нуклеарно оружје – од 250 до 350 проектили.

Вистинскиот број на проектили кои ќе бидат сместени во новите силоси не се знае, но би можел да биде многу помал од 100 бидејќи Кина и претходно користела лажни силоси за да создаде лажна слика за своите нуклеарни капацитети.

Вашингтон пост потсетува дека Соединетите Американски Држави за време на Студената војна го развиле планот за преместување на своите интерконтинентални балистички проектили во мрежата силоси низ земјата за да обезбедат СССР во ниеден момент да не знае каде точно се наоѓаат.

Изградбата на новите силоси сугерира дека Кина вложува голем напор за да го зајакне својот кредибилитет на нуклеарна сила, изјавил за Вашингтон пост истражувач на кинескиот нуклеарен арсенал и член на тимот кој ги анализирал сателитските снимки на локации на кои, по сè изгледа, се градат нови силоси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ