среда, 15 април 2026

Израел изврши воздушни напади врз појасот Газа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Нема информации за можни жртви во нападите, а израелските воздухопловни сили ги продолжија своите напади рано утрово, насочени кон објектите на Хамас.

Во извештајот на воените власти се додава дека никој не е убиен или ранет.

Војската соопшти дека борбен авион доцна синоќа погодил „воени објекти и место каде што се испукуваат ракети“ како одговор на балоните со запалив материјал.

Покрај тоа, беше предупредено дека израелските сили се подготвуваат за „различни сценарија, вклучително и продолжување на борбените дејствија“.

По воздушниот напад се огласија ракетни сирени во населените места во близина на границата со Газа. Армијата подоцна соопшти дека тоа не е последица на ракетирањето.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=KHdC00wkolI autoplay:0]

Снимка од надзорните камери до кои дошол АП покажа дека во воздух било пукано, како што се чини, и од автоматско оружје, што се смета за можен обид на палестинските екстремисти да соборат израелски авион.

На друго видео се гледа дека се исфрлаат проектили од Газа, но не е јасно какви и каде паднале.

Тензиите се големи откако со примирје заврши војната на 21 мај, иако египетските посредници се состанаа со израелски и официјални претставници на Хамас во обид да го зајакнат неформалниот прекин на огнот.

Израел и Хамас војуваа четири пати и честопати избиваа мали судири откако исламската екстремистичка организација во 2007 година ја презеде контролата врз појасот Газа, поразувајќи ги силите лојални на поумерениот Фатах.

Потоа, Израел и Египет воведоа парализирачка блокада на Газа, каде што живеат повеќе од два милиони луѓе.

Претходно во средата, Израел со шок-бомби и водени топови ги растеруваше палестинските демонстранти што се собраа пред портата Дамаск во Стариот град во Ерусалим, на местото на повеќенеделни протести и судири пред почетокот на најновата војна во Газа.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=zonakZIJ7m8 autoplay:0]

Откако протестантите беа протерани, почнаа да фрлаат камења и шишиња кон ултраортодоксните Евреи што поминуваа од таму.

Демонстрантите беа повикани да се соберат во близина на портата Дамаск како одговор на ултранационалистичкиот марш во вторникот, на кој десетици Евреи извикуваа „Смрт за Арапите“ и „Нека гори твоето село“.

Полицијата насилно ги истера Палестинците пред портата Дамаск и го обезбеди маршот, со кој се славеше освојувањето на источниот дел на Ерусалим во шестдневната војна во 1967 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ