петок, 14 ноември 2025

Израел: Чекавме 738 дена за да го кажеме ова – добредојдовте дома

Израелското Министерство за надворешни работи на платформата Икс објави дека Хамас по повеќе од две години заложништво ослободи седум израелски заложници, киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Чекавме 738 дена за да го кажеме ова: добредојдовте дома, Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!“ се вели во соопштението на министерството, заедно со фотографии од ослободените мажи.

Според израелските власти, сите биле киднапирани во 2023 година за време на нападот на Хамас врз јужен Израел, кога милитантите убија околу 1.200 луѓе и земаа повеќе од 250 заложници во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Алон Охел, Еитан Мор, Гај Гилбоа-Далал, Зив и Гали Берман, Омри Миран и Матан Ангрест.

Заложниците биле држени во тешки и нехумани услови за време на нивното заложништво, без соодветна медицинска нега и под постојан надзор од милитантите на Хамас, објави претходно Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ