Според италијанскиот закон, величењето на фашизмот е казниво.
Паркот во градот Латина сега го носи името на двајцата судии Фалконе и Борселино, кои ги ликвидираше мафијата, а тие двајца се симбол на борбата против организираниот криминал.
Секретарот на Демократската партија Енрико Лета околу случајот изјави дека „член на владата со еден удар ги извалка не само имињата на двајцата судии туку и антифашистичката ориентација на Италија, и дека неговото барање е неспоиво со неговиот мандат во извршната власт“.
Дуригон е член на десничарската партија Лига, која најави дека нема да дозволи смена на својот човек.
Италијанските медиуми истакнуваат дека премиерот Марио Драги не се изјасни за инцидентот, а дека лидерот на партијата Да живее Италија Матео Ренци, кој се декларира како лев центар, „впечатливо молчи“ за случајот како и десничарските партии.






