Во видео порака емитувана на технолошкиот настан Комо лејк, Кросето рече дека сајбер димензијата ќе стане оперативен домен „рамноправен на копно, море, воздух и вселената“ и дека нејзината одбрана бара трајни и интегрирани капацитети, објави Анса.
„Треба да се воспостави почетна структура која може да смета на 1.200 до 1.500 луѓе, од кои повеќето оперативци, но целта е да се постигне поголема, целосно автономна сила способна ефикасно да дејствува во целиот спектар на закани“, рече министерот.
Кросето најави дека новата национална сајбер сила ќе има цивилна и воена компонента способна да работи 24 часа на ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината.






