сабота, 18 април 2026

Холандија тврди дека руски авиони со часови симулирале напад врз нивен брод (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Во инцидентот кој се случил во четвртокот учествувала фрегатата ХНЛМС Евертсен, која е дел од воздушно-поморската група на британскиот разурнувач ХМС Дифендер. Кон тој брод, според Москва, во средата биле испукани предупредувачки истрели поради навлегување во руските територијални води во близина на Крим.

Според холандскиот министер за одбрана, руските авиони пет часа „непрекинато ја вознемирувале“ фрегатата додека била југоисточно од Крим.

Авионите „летале опасно ниско и блиску, симулирајќи напади“, се додава во соопштението на холандското министерство, наведувајќи дека биле вооружени со бомби и ракети.

„По повеќечасовното заплашување беа забележани и нарушувања на електронската опрема на Евертсен“, додаде министерството.

Холандската министерка за одбрана Анк Бијлевелд Шоутен го осуди „неодговорното осудување“ и кажа дека Евертсен „има полно право да плови таму. Ништо не го оправдува таквото агресивно однесување кое воедно ја зголемува опасноста од несреќа“, кажа таа.

Москва не реагираше на овие тврдења.

Во вакви тензични околности Украина и Соединетите Американски Држави во понеделникот почнаа заедничка воена вежба во Црното Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ