Харадинај во емисија на РТК кажа дека ова го означува крајот на царините за Србија.
„Извозот од Србија е зголемен на милион евра дневно, замислете, милион евра дневно Србија зема од Косово. Сето тоа се показатели дека не е случајност тоа што се тргнати последните царини, за блоковите за градба“, кажа Харадинај.
Тој додаде дека изјавите на министрите на владата на Аљбин Курти, кои го оправдуваат укинувањето на царините, „само ја потврдуваат глупоста што ја направија“.
„Не можев да разберам зошто Косово мора да стане толку добро со Србија за да ги укине дампинг мерките против српските блокови, не го разбирам премиерот Курти и каде е интересот. Ни кажуваат дека блоковите се продаваат поевтино отколку во Србија, додека ние велиме дека се продаваат поевтино бидејќи имаат дампинг“, кажа Харадинај.






