среда, 6 мај 2026

Харадинај: Ако сите Албанци добијат државјанство, Албанија ќе има над 10 милиони луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за албанската телевизија, претседателот на Алијанса за иднина на Косово кажа дека Косово и Албанија треба да напредуваат во примената на потпишаните договори и да имаат заеднички цели. Се осврна на последниот состанок на албанската и косовската влада, како и на потпишаните договори.

„Важно е да се обединат сите економски, даночни и административни политики кои би овозможиле интеграција на пазарите и нашите економии, а сметам дека е потребно да се реализираат повеќе инфраструктурни проекти. Мораме да напредуваме и во областа на безбедноста, односно пактот за меѓусебна воена заштита, како во случајот со земјотресот во Албанија кога Косово на време ги испрати своите трупи. Лошо е што имаме доста бирократија, па ни е потребен пакт меѓу двете земји за интервенцијата да се случи автоматски ако едната или другата држава е загрозена во која било форма“, порача тој.

Истакна дека е во интерес на Албанија да им овозможи државјанство на сите Албанци бидејќи така би го зголемила бројот на учесници на пазарот и во економијата.

„Ако сите Албанци добијат државјанство, тогаш ќе има повеќе од 10 милиони луѓе поврзани со Албанија кои ќе го дадат својот придонес во даноците, придонесите па дури и со посетите. Така моќта на албанската држава ќе се зголеми на економски и безбедносен план, и во други области“, кажа Харадинај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ