сабота, 18 април 2026

Хаос на парада на гордоста во Мајами: камионет удри двајца учесници, едниот почина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Двајцата мажи беа однесени во здравствениот центар Бровард, каде едниот им подлегна на повредите“, изјави детективката Али Адамсон на конференција за новинарите, изразувајќи уверување, врз основа на лекарските извештаи, дека втората жртва ќе преживее, пренесува Си-ен-ен.

[video:https://youtu.be/1yZkGQqaB3M autoplay:0]

Адамсон потврди дека ФБИ помага во истрагата, но одби да каже дали инспекторите веруваат дека инцидентот бил намерно предизвикан.

„Засега ги истражуваме двете опции“, кажа Адамсон и додаде дека сите можности се отворени.

На видео-снимката која ја прикажа Си-ен-ен набрзо по инцидентот се гледа дека еден маж е спроведен во притвор, но Адамсон не сакаше да потврди дали е осомничен за несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ