петок, 24 април 2026

Грција во знак на благодарност на странските пожарникари, нуди туристички ваучери

Објавено на

часот

Сподели

Овој потег на грчките власти е благодарност до стотици странски пожарникари од 11 земји-членки на ЕУ и 12 земји кои не се членки на ЕУ, кои им помогнаа на грчките колеги во гасењето пожари во кои во текот на август изгореа повеќе од 40.000 хектари на повеќе локации во земјата, пренесе Грик репортер.

Ваучерите, според одлуката на грчките власти донесена во петокот, им овозможуваат на пожарникарите да ги користат услугите во областа на туризмот во Грција.

До средината на август, околу 1.300 странски пожарникари и повеќе од 250 противпожарни возила беа вклучени во гаснењето на стотици пожари низ цела Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ