сабота, 18 април 2026

Голема експлозија во Лос Анџелес. Детониран нелегален огномет, 17 повредени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според ЛА Тајмс, полицискиот оддел против експлозиви во Лос Анџелес се обидел на безбеден начин да детонира запленети импровизирани експлозивни направи и повеќе тони нелегален огномет, но благо речено, биле неуспешни во тоа.

Експлозијата одекнала во станбена област, при што се оштетени куќи и автомобили, а камионот во кој бил илегалниот огномет, бил тешко оштетен.

Снимките од експлозијата и нејзините последици се шират на социјалните мрежи.

Полицијата во Лос Анџелес се обидела да детонира повеќе тони нелегален огномет. Следела експлозија во која биле повредени повеќе од 17 лица, вклучително и полицајци.

Началникот на полицијата во Лос Анџелес, Мајкл Мур на прес-конференција рече дека полицајците во куќа пронашле неколку тони нелегален огномет и импровизирани експлозивни направи, што тој ги опиша како нестабилни.

Одделот против експлозиви потоа ги преместил сите запленети експлозиви и огномети во железна комора во специјално возило наменето токму за транспорт на таков материјал.

Полицијата детонираше нелегален огномет верувајќи дека комората и возилото ќе можат да ја ограничат експлозијата, но „имаше катастрофален неуспех“.

„Сè беше направено според протоколи за вакви ситуации, но очигледно се случи нешто во возилото што не требаше да се случи. Не знаеме зошто, но ќе дознаеме“, рече Мур.

Девет полицајци и еден федерален агент од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви се повредени во несреќата. Шест цивили се пренесени во болница – тројца со сериозни повреди и тројца со полесни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ