Поради пожарот е прекинат железничкиот сообраќај кон Горењска, а отежнат е сообраќајот на автопатот. Некои патишта во близина на местото на пожарот се затворени.
Според податоците на полицијата, пожарот го гасат повеќе од 150 пожарникари.
[video:https://youtu.be/-reQuH21rRk autoplay:0]До сега изгореле најмалку две третини од зградата, јави Радио Словенија.
Како што за Н1 кажал претставникот на пожарникарската служба од Љубљана Роберт Окорн, спречено е ширење на пожарот на просториите од зградата кои не се зафатени со пламенот.
[video:https://youtu.be/3XvEs91N1P8 autoplay:0]„Некои од покривите веќе се урнаа, но правиме сè за нашата работа да биде безбедна“, кажа Окорн.
Според него, покрај пожарникарите од љубљанската пожарникарска заедница, во гасењето на пожарот учествуваат 18 доброволни пожарникарски здруженија.






