Во тек се преговори за истоварување на проценетите 1,1 милиони барели сирова нафта кои остануваат на бродот ФСО Сафер. Бродот содржи четири пати поголемо количество нафта од онаа која Екон Валдез ја испушти во Заливот на Алјаска во 1989 година, а излевањето се смета за сè поверојатно.
Нафтата ќе се рашири надвор од Јемен и ќе предизвика огромна штета по животната средина во Саудиска Арабија, Еритреја и Џибути, според најновите проценки.
Тристраните преговори меѓу бунтовниците Хути, владата на Јемен и ОН ослабеа, и покрај бројните предупредувања. Функционерите на ОН не успеале да добијат гаранции за одржување на бродот, вклучувајќи го изгниениот труп, кој сега го надгледува само седумчлениот екипаж.
Излевањето веројатно ќе доведе до затворање на пристаништата во Црвеното Море во рок од две недели. Цените на горивата ќе пораснат за дури 80 отсто, а недостигот од гориво за пумпите за вода ќе доведе до тоа осум милиони Јеменци да останат без вода. Дури два милиони луѓе ќе изгубат пристап до вода ако погоните во регионот бидат загадени. Иако се очекува половина од нафтата да испари на морето во рок од 24 часа, остатокот во рок од шест до 10 дена ќе стигне до западниот брег на Јемен.
Излевање би загрозило 66 до 85 отсто од јеменскиот риболов во Црвеното Море во рок од една недела, а 93 до 100 отсто од тој риболов во рок од три недели.






